Запознајте ја вистинската Златокоса- Оваа жена ја нема стрижено својата коса 30 години и еве како изгледа денес
Запознајте се со современата Златокоса. Украинката Алена Кравченко ја нема стрижено својата коса цели 30 години и како што вели таа, стрижењето за неа е вистински кошмар.
Таа својата коса ја чува и негува од нејзината 5-годишна возраст, а благодарение на нејзиниот раскошен изглед, 35-годишната жена се здоби со титулата за „модерна Златокоса“.
Таа вели дека нејзината мајка била онаа која ја инспирирала да ја негува својата коса и да се вљуби во нејзината должина.
„Љубовта кон мојата коса е толку силна и трае цел живот, што во ниту еден момент немам помислено да ја стрижам и да направам некаква модерна фризура. Не можам да се замислам со кратка или бојадисана коса. Воопшто не ми е тешко да имам толку долга коса, ниту пак ми е тешко да се грижам за истата. Почитувам неколку правила, како на пример тоа што никогаш не користам фен и секогаш користам навлажнувачки производи.“- вели Алена.