Затворена пица во тава, готова за 10 минути: Со шолја брашно ќе ја имате највкусната вечера од било кога!
Овој рецепт е совршен за деновите кога се враќате доцна од работа, а треба да приготвите јадење за вашите најблиски. Брзата вечера е и повеќе од идеална идеја, а на затворена пица, која ќе ви одземе само 10 минути, никој нема да може да одолее!
Затворена пица во тава, готова за 10 минути
Овој рецепт е совршен за деновите кога се враќате доцна од работа, а треба да приготвите јадење за вашите најблиски. Брзата вечера е и повеќе од идеална идеја, а на затворена пица, која ќе ви одземе само 10 минути, никој нема да може да одолее!
Ingredients
- 250 гр брашно
- 3 супени лажици зејтин
- 8-10 гр пециво
- 130 мл вода
- Половина кафена шолја сол
- 100 гр кашкавал
- 5 парчиња шунка или сланина
Instructions
- Замесете го тестото: Исипете 250 гр брашно во сад и додадете ги пецивото, зејтинот и солта. Додадете вода и замесете меко тесто.
- Поделете го тестото на 2 дела и секој дел обликувајте го во тенок слој.
- Врз првата кора поставете ги тенките парчиња шунка или сланина
- Потоа одозгора покријте со кашкавалот
- На крај покријте со вториот слој на тесто и завтикајте ги краевите.
- Загрејте ја тавата на слаб оган, премачкана со путер или масло
- Додадете ја затворената пица и гответе под затворен капак 5-6 минути, додека кората да добие златна боја.
- Со помош на чинија свртете ја пицата од другата страна и оставете ја да се пече уште 5-6 минути
- Пријатен апетит!