Збогувајте се со брчките со помош на оваа домашна крема
Оваа крема има традиција која трае веќе 2.000 години и сеуште е популарна кај понежниот пол. Не ви се потребни скапи креми и препарати, само со помош на неколку едноставни состојки ќе имате квалитетна и ефикасна крема за брчки.
Состојки:
– 1 лажица мед
– 8 лажици рендан пчелин восок
– 200 милилитри бадемово масло
– половина чаша розова вода (хидросолскиот дел од прочистената течност од ливчиња од рози)
Подготовка:
На тивок оган растопете го медот, восокот и бадемовото масло. Кога смесата ќе се стопи и соедини тргнете ја од огнот и оставете ја да се лади, но не целосно. Водата од роза додавајте ја во смесата, капка по капка, додека притоа ја мешате смесата. Потоа сипете ја смесата во стаклен сад и затворете го дури кога смесата ќе биде целосно оладена.
Кремата може да се користи и како отстранувач на шминка, но најефикасна е како превентивна мерка за брчки и отстранување на веќе настанатите.