„Зедов 1 кг компири, малку млеко и кромид и го приготвив највкусниот печен специјалитет“
Иако повеќето од нас се навикнати на пржени компири и пире, постојат бројни други вкусни јадења со компири кои може да се приготват, на најразличен начин, со подеднакво извонреден вкус.
За денес ви откриваме рецепт за кој и можеби досега немате слушнато, односно станува збор за деликатесен ѓувеч од компири, кој едноставно се топи во уста!
Покрај тоа што изгледа прекрасно за сервирање, истот е и е неверојатно вкусен!
Вкусен ѓувеч од компири
Потребни состојки
- 1 кг компири
- 2 главици кромид
- 60 гр путер
- 400 мл млеко
- Сол и мелен црн пипер по ваш вкус
Начин на подготовка
Излупете ги компирите и исечете ги на тенки парчиња. За оваа цел може да употребите и ренде. Премачкајте ја тавата со путер, а потоа одозгора поставете ги компирите. Исечете го кромидот на прстени и поставете ги врз компирите, во форма на тенок слој.
На овој начин додадете ги и следните слоеви од компир и кромид, а воедно не заборавајте да додадете и сол и мелен црн пипер по ваш вкус. Погрижете се најгорниот слој да изгледа уредно и прекрасно.
Следно, затоплете го млекото и додадете го во ѓувечот, така што ќе го достигне најгорниот слој, но без притоа да го прекрива истиот.
Врз најгорниот слој додадете растопен путер. Така компирите нема да изгорат, а притоа ќе ја добијат потребната крцкава златна кора.
Покријте го садот за печење со фолија и поставете го специјалитетот да се пече во претходно загреана рерна на 200°C. Печете 30 минути. Потоа извадете ја фолијата, намалете ја температурата на 180°C и печете дополнителни 15 минути.
Пријатен апетит!