„Зедов 1 лимон и го ставив во микробрановата печка – Ова е едноставно генијално, како не се досетив порано“
Сокот од лимон е чудесен додаток кој го збогатува вкусот на многу јадења. Но, сите знаеме колку е тешко да се исцеди целата течност, при што токму за оваа цел денес ви откриваме генијален трик за овој проблем.
За да го добиете максималното количество на сок, сè што е неопходно да направите е малку да ги затоплите лимоните во микробрановата печка. Иако звучи малку необично, трикот навистина е ефикасен!
Едноставно поставете го лимонот во микробрановата печка за 20 секунди, а потоа откако ќе го извадите, пресечете го на половина и истискајте го со помош на вашите раце.
Може претходно да исцедите еден лимон без да го затоплувате, за да на крај ги споредите резултатите и сами да ја видите разликата!