Жена е уапсена затоа што се претставила како нејзината 13-годишна ќерка за да истакне загрижувачки порблем
Една жена е уапсена откако влегла во училиште и се претставила како нејзината 13-годишна ќерка.
30-годишната Кејси Гарсија, од Сан Елисарио,Тексас, САД, рече дека се обидува да докаже дека училиштата не се безбедни, демонстрирајќи колку лесно да се влезе во просториите на училиштето.
Гарсија, наводно, можела да помине цел ден во училиште со различни наставници кои не забележале дека возрасно лице шетало низ ходниците. Подоцна таа ги документираше своите искуства преку нејзиниот канал на Јутјуб.
Можете да дознаете повеќе тука:
Гарсија објасни зошто се решила на ваков потег велејќи:
„Ни треба поголема безбедност во нашите училишта. Ова е она што се обидов да го докажам. Не го сторив ова за да добијам слава на интернет. Не го сторив ова за да добијам лајкови. Јас не го сторив ова за луѓето да бидат лути на мене и никогаш повеќе не можам да шетам околу Ел Пасо“.
Гарсија продолжи да тврди дека успеала да помине седум училишни часа пред наставникот да забележи дека нешто е во ред.
Загрижената мајка се здоби со две кривични потерници и беше приведена во нејзиниот дом.