Жена го фрли своето новороденче преку прозорецот – Причината е и повеќе од тажна!
21-годишната Шелби Ен Картер, од малиот американски град Илиноис беше пресреќна кога ја роди својата прекрасна ќерка по име Кијана. Но, по одреден период, само по еден ден од роденденот на Шелби се случи вистинска трагедија.
Шелби беше во својот дом, грижејќи се за своето мало девојче, кога наеднаш сфати дека целата куќа е обвиткана во пламен. И покрај тоа што очајната жена веднаш ја повика пожарната служба, пожарникарите задоцнија и неколку минути по пристигнувањето и стивнувањето на оганот, го пронајдоа беживотното тело на Шелби во нејзиниот дом.
За разлика од нејзината мајка, малата Кијана беше пронајдена пред самата куќа, во детско седиште за автомобил. Иако многумина веднаш се запрашаа како е ова возможно, всушност веднаш беше откриено дека Шелби, воопшто не се плашела за нејзиниот живот, туку за животот на нејзината ќерка Кијана.
Така, со цел да ја спаси, го поставила новороденчето во детското седиште наменето за автомобил, добро го заврзала девојчето и така нежно ја фрлила преку прозорецот. Лекарите веднаш се погрижија за малата Кијана, која и покрај изгорениците од среден степен, се докажа дека е сосема здрава.
И покрај тоа што Кијана ќе нема можност да ја запознае својата мајка, со сигурност ќе знае дека Шелби ја сакаше повеќе од сопствениот живот!