Една жена од Флорида, САД, тврди дека забележала „бебе-диносаурус“ како трча низ нејзиниот двор сред ноќ.

Кристина Рајан, од Палм Бич, беше изненадена кога забележа мистериозното суштество фатено на нејзините безбедносни снимки.

Не е јасно за какво животно станува збор, но не изгледа многу поразлично од мал диносаурус кој штотуку избегал од „Џураски Парк“.

Можете да ги погледнете снимките подолу:

Кристина во врска со настанот изјави:

„Секое животно кое ни паѓа на ум што се „шета“ во 3:40 часот наутро, не би се движено на овој начин. Можеби премногу пати сум го гледал Џурасик Парк, но овде гледам мал диносаурус!“

„Некои велат дека е голема птица, но тоа нема смисла бидејќи изгледа како да има предни нозе“.

Оние што го виделе видеото излегоа со секакви теории за тоа што точно лутеше во дворот на Кристина, од „игуана со главата заглавена во пластичен контејнер“ до „куче облечено во палто за дожд“.