Зголемете го внесот на селен за да успешно се изборите против вирусите
Селенот докажано го зајакнува имунитетот и го штити здравјето од бактериски и вирусни инфекции.
Во врска со зголемените превентивни мерки против коронавирусот во повеќето земји, како и во соседна Бугарија, тамошните истакнати проф. Дијана Иванова и доцент В.Димитрова подготвуваат посебно издание кое за неколку дена ќе биде објавено, а е во врска со директната поврзаност на недостатокот на селен и вирусните инфекции.
Во меѓувреме, во општи црти, тие истакнуваат дека научно докажана е врската меѓу агресивноста на РНК вирусите и дефицитот на селен, како и фактот дека вирусните инфекции го намалуваат нивотот на селен во организамот.
Според истакнатите експерти, недостатокот од селен најдобро може да се надомести со правилниот избор на храна, односно, да се консумираат протеини најмногу што може, како јајца, риба туна и јаткасти плодови.