Жена-генијалец ќе ги спасува загадените океани со “лажна” пластика што ќе се разградува за само неколку минути, наместо предвидените 450 години
Проблемот со загаденоста, благодарение на пластичниот отпад е глобален проблем кој веќе на светската популација со децении и “виси” над глава. Но, сега решението конечно е пронајдено!
Шерон Барак, по професија е хемиски инженер од Израел и воедно е жената-генијалец која пронајде начин вековното распаѓање на пластиката да го сведе на процес од неколку минути.
Шерон порано работела во компанија која се занимавала со производство на пластика и се приклучила во борбата против светското загадување.
Скоро сите користиме пластика и за одредени работи, невозможно е да се замисли животот без овој материјал. Но, традиционалната пластика што сите ја знаеме не е воопшто еколошки и пријателски настроена кон нашата природа и веќе стана глобален проблем, кој човекот не може да го реши повеќе децении.
Според експертите, просечното време што и е потребно на пластиката да се разгради се 50 години за пластичните чаши, 200 години за пластичните сламки и 450 години за пластичните шишиња.
Затоа, хемискиот инженер, Шерок Барак си поставила цел да изуми материјал кој ќе ја има истата функција како пластикат, па дури и исто да изгледа, но ќе се разградува за неколку минути и нема да и штети на природата.
После долго експериментирање, Шерон конечно ја измислила “лажната” пластика и таа се состои од 100% еколошки материјали што брзо се разградуваат и за кратко време, стануваат дел од природата. Така на пр. Ако фрлиме чанта во оканот изработена од овој материјал, за неколку минути истата ќе се разгради.
Нејзиниот производ е толку природен, што можеме да пиеме вода од него.
Шерон заедно со тимот веќе го започна производството на нејзиниот изум и не престанува да се грижи за безбедната иднина за сите нас, природата и животните.