Жена го документира „патувањето“ на нејзиното тело откако родила тројки
Минатата година фотографијата на Марија Нордо објавена на Инстаграм стана популарна благодарение на необично големиот стомак во кој биле сместени нејзините 3 ангелчиња. Во септември таа родила три убави бебиња по име Ибен, Филип и Агнес и продолжува да споделува делови од нивните животи на социјалните мрежи.
Марија воопшто не се срамела да сподели како изгледа нејзиното тело по породувањето и го објаснила нејзиниот проблем, кој планира да го реши. Поради тежината на бебињата стомакот на Марија добил чудна форма и потешко се повлекувал за разлика од кај другите трудници, а бидејќи била породена со царски рез чувствувала болка на раната од големиот стомак.
По 12 недели можела да се види промена во стомакот на Марија, но сепак сѐ уште требала да работи на случајот. Таа вели дека се обидува да биде што е можно поискрена на социјалните мрежи за да им послужи како пример на жените кои ќе се најдат во слична ситуација.
Таа знаела дека нејзиното тело ќе се промени и дека враќањето на старите навики е долг процес. Сепак и покрај потешкотиите кои ги имала Марија, нејзиниот сопруг и 4-те деца се едно големо и среќно семејство. И што е најважно сите четири деца се неодоливи и сосема здрави.