Жена го сподели својот бес јавно, откако костимот за капење што го порача онлајн, не беше тоа што го очекуваше
Купувањето преку Интернет е вистинска идила- Не мора да излегувате од дома, сè се одвива со пристискање на неколку копчиња, додека релаксирано ги разгледувате производите.
Но, шопингот од соништата неретко може да се претвори во шопинг од најлошиот кошмар, поради една голема слабост што ја има овој вид на купување.
Односно, купувачите иако имаат голема предност, сепак негатвна страна е тоа што не можат во живо да го видат, допрат или пак облечат производот, сè до моментот кога ќе им стаса на домашната адреса.
Како идиличниот шопинг може да се претвори во вистински кошмар најдобро го знае оваа девојка.
20-годишната Лидија Ремзи, од Глучестер, на својот Твитер профил објави фотографија од син костим за капење што го порачала преку интернет, од брендот „Мали слатки нешта“ (анг. Pretty Little Things).
Костимот ја чинел 28 евра, а во описот на фотографијата, бесната жена напиша: „Никогаш веќе нема да купувам од таму!“
Еве како оригинално изгледал производот на страната на брендот:
Сепак експтерите и стилистите се согласни, Лидија едноставно не го порачала соодветниот т.е вистинскиот број за неа.
„Вашето тело може да биде една големина, но пропорциите на градите можат да бидат сосема различни. Тоа е она што се случило во случајот на Лидија“- вели еден од експертите.
Девојката од друга страна тврди дека тоа е голема лага, бидејќи конкретно таа дури порачала два броја поголеми од нејзината стандардна величина, бидејќи е свесна дека има поголеми гради.
И покрај бесот на девојката, таа успеа да ги насмее Интернет корисниците, кои повторно потенцираа дека брендовите продолжуваат да дизајнираат облека само за манекенки со мали пропорции и мали гради.