Жена која се самоповредувала поради нејзината XXL големина, научи да го сака своето тело благодарение на сопругот
Амали Џенингс целиот свој живот страдала од прекумерена тежина. Омразата кон сопственото тело ја довела до степен сама да си нанесува повреди. Но, нејзината приказна добила среќен крај, без да мора да слабее.
„Отсекогаш бев дебела, уште од кога имав 2 години. Мајка ми ме водеше на бројни лекари бидејќи мојата тежина константно се зголемуваше. Поради мојата дебелина често бев жртва на врсничко насилство, кое започна уште додека бев во градинка“- се присетува Амали.
Покрај своето тело, Амали најмногу го мразела шопингот, бидејќи купувањето облека за неа било вистински кошмар.
„Никогаш не можев да носам тоа што е во мода, ниту пак она што го носеа моите слаби пријателки. Ниту еден модел не ми одговараше“- вели Џенингс.
Младата девојка објаснува како сфатила дека нејзиното тело не е нормално, читајќи разни книги, бидејќи во истите тие книги никогаш не сретнала жена или маж со нејзина големина, а тоа уште повеќе ја разочарало.
Но, за среќа, приказната на оваа девојка добила неочекуван и прекрасен расплет кога во 2008-та година, играјќи онлајн игра, го запознала Шон, нејзиниот сегашен сопруг.
„Со Шон се запознавме пред 11 години, играјќи на виртуелен Плејстејшн. Прво не му верував многу, бидејќи мислев дека е од оние стари предатори кои бараат мали девојчиња преку Интернет, но по убавиот разговор со него, открив дека сме на истата возраст.“- вели девојката
Иако на почетокот нивната врска била се уште во рамките на Интернетот, Шон можел да ги види фотографиите од Амали, а нејзината фигура ништо не му значела. „Едноставно не му беше грижа и продолжи да комуницира со мене.“- додава Амали.
Откако се сретнале и во живо, парот оттогаш е нераздвоен и веќе долго време се во среќен и идиличен брак.
25-годишната девојка, од Данска, се преселила во Британија, за да живее со нејзиниот сопруг Шон, благодарение на кој Амали денес го сака своето тело и ужива во својата XXL големина.
Иако нестандардниот пар бил прифатен од повеќето познаници таков каков што е, со драстична разлика во големините, сепак морале да го прекинат контактот со таткото на Шон, иако не е наведена конкретната причина, сепак се шпекулира дека тоа е поради неговото неприфаќање на избраничката на неговиот син.