Ади Трит, неодамнешен дипломиран студент на државниот Универзитет Форт Хејс, купила 204 пара обувки за само 90 евра, благодарение на нејзините преговарачки способности, а еве и зошто и биле потребни толку многу чевли.

25-годишната студентка, од Канзас ја направи својата животна зделка купувајќи 204 пара на чевли од американскиот бренд Пејлес кој е пред затворање, така што ја искористила нивната тотална распродажба и додека на чевлите стоела цена од 1 евро, Ади барала да ја намалат повторно.

На крај, нејзиниот шопинг резултирал со купени вкупно 204 пара на чевли од кои: 162 пара бебешки чевли, 2 пара машки чевли и 40 пара женски чевли, кои без намалените цени, првично би ја чинеле Ади околу 5300 евра, но таа успеала да ги купи за само 90 евра.

Но, сите овие чевли Ади не ги купила за себе, туку ги донирала на жртвите од катастрофалните поплави во американската сојузна држава, Небраска.

Донациите беа доделени на семејствата од земјоделската заедница и нивните семејства, кои беа погодени од поплавите.

“Секогаш донирам и секогаш волонтирам. Мислам дека тоа е дел од тоа што навистина значи да се биде човек. Католик сум и сум многу религиозна и сметам дека ова е Божјиот план за мене.”– изјавила младата Трит за Њујорк Пост.

Вообичаено нејзините хумани гестови се наменети за бездомните животни и храна за бездомните луѓе. Ова било првпат да се открие нејзината хуманитарна мисија бидејќи на својот Фејсбук профил, младата студентка прашала кој е најдобриот начин да ги донира чевлите на жртвите.

“Не го направив тоа за внимание. Само сакам нивните деца да имаат чисти, суви и убави чевли на нозете кои ќе ги затоплат.”– додала Ади.