Жена открива како нејзиниот сопруг цели 20 години ја лажел за неговиот идентитет
Неверојатната приказна на Лин Дело сега се претвори во книга, под насловот „Тајната на мојот сопруг“, во која се открива како тој ја лажел својата сопруга цели 20 години, додека биле во брак, а еве што вели таа.
Џули Дело го запознала својот сопруг во 1960-та година, а по кратка романса, тие стапиле во брак. Брачниот живот го продолжиле патувајќи по светот, како дел од неговата работа во армијата. Џули цело време знаела дека тој израснал во Ко Лут, во Ирска и дека неговите родители починале.
Но, всушност неговото семејство било живо и здраво и живееле во преку Ирското море, во Ко Дурам, каде навистина израснал.
Ненадејно, на 46-годишна возраст, Лин починал во 1981-та година, по 20 години среќен брак со Џули.
На почетокот
„Се запознавме на игранка во Лондон, во 1960-те години, кога тој славеше со неговите колеги од војската. Беше вистински џенталмен и веднаш се заљубивме еден во друг. Ми кажа дека има 25 години, дека неговата мајка починала на породувањето, а својот татко никогаш не го запознал. Потоа ми кажа, дека како сирак го посвоило семејство од Дундок и таму израснал на фарма“- вели Џули.
Истражување по неговата смрт
10 години по смртта на својот сопруг, Џули се досетила да го истражи семејството на својот сопруг, но тогаш дознала дека всушност во регистарот не постои никаков „Лин Дело“ кој се родил, израснал, се образувал, работел или живеел во Дундок, каде што рекол дека израснал.
Со помош на ДНК од нивното единствено заедничко дете, Крис, Џули била одлучна да ја разреши мистеријата.
По 8 години истражување, било откриено дека неговото вистинско име било Лео Мекевој, кој позади него оставил едно семејство со скршено срце, вклучувајќи ја и неговата вистинска мајка и го променил своето име, возраста, националноста, па дури и акцентот на зборување.
„Најискрениот човек што некогаш сум го сретнала“
Лин Дело го променил своето име, за да може да живее живот каков што тој сака, а така стои објаснето и во издадената книга според неговата животна приказна.
„Направил вистинска трансформација, што дури го променил и својот акцент. Како што напишав во книгата, тој беше најискрениот човек што некогаш сум го сретнала, а истовремено беше човекот што ми ја кажа најголемата лага!“
Но, Џули не се кае што била во брак со човек кој ја лажел цели 20 години.
„Го сакав уште од самиот почеток, го сакав во бракот и се уште го сакам. Среќна сум што бев негова сопруга, а по сето низ што поминавме, на некој чуден начин, го разбирам зошто го сокрил своето минато од мене.“- додава Џули.