Жена реши да го тестира својот сопруг – Му остави писмо велејќи дека го напушта, но се случи нешто неочекувано
Секој од нас има доживеано одредени работи во различна фаза од својот живот. Секој од нас барем еднаш се загрижил и запрашал дали партнерот е вистинската личност за нас, дали навистина нè сака.
Повеќето со сигурност најчесто размислувале за тоа како партнерот би реагирал доколку ги изгуби, доколку си заминат.
Една жена ги имала истите вакви сомнежи, при што решила да го тестира нејзиниот сопруг, откако му остави писмо, во кое му соопштува дека си заминува, без да му каже каде оди.
Во писмото жената објаснила дека едноставно е изморена и дека повеќе не сака да живеат заедно, по што решила да се сокрие под креветот, за да ја види реакцијата на нејзиниот сопруг.
Откако мажот си дошол дома и го прочитал писмото, напишал нешто врз истото и започнал да танцува, да пее и да се радува.
Во еден момент го зел својот телефон, се јавил и рекол: „Здраво драга, јас во моментот се пресоблекувам и за кратко сум кај тебе. Сакам да ти се пофалам, мојата конечно ме напушти. Јас навистина погрешив со овој брак, не требаше да се женам со неа. Колку би сакал ова порано да го знаев. Се гледаме наскоро сакана моја!“
По завршувањето на разговорот, радосниот маж излегол од собата, а неговата очајна и расплакана сопруга излегла од под креветот и со солзи во очите, сакала да види што истиот напишал на писмото.
Тој напишал: „Ти ги гледам нозете под креветот, идиотке моја! Отидов да купам леб.“
Поука од приказната? Научете се да имате доверба во вашиот сакан партнер. Сакајте, за да бидете сакани. Сомнежите лесно може да уништат една врска и брак, а човек треба да се радува на секој момент поминат со својата подобра половина.