Жена тврди дека ампутацијата на двете нозе ѝ го променила животот кон подобро
Мајката на четри деца тврди дека огромната преобразба го променила нејзиниот живот кон подобро.
33-годишната Џесика Дејвис била жртва на голем пожар во домот, а бидејќи изгорениците на нејзините нозе биле од многу повисок степен, лекарите морале да ги отстранат и двете нозе на мајката.
Кога се случил пожарот, Џесика имала само 7 месеци, а пламените зафатиле дури 65% од нејзиното тело, при што за да преживее, била направена итна ампутација на двете нозе и прстите.
Но, сега Џесика, која веќе е возрасна и остварена личност, мајка на 4 деца, вели дека несреќата сосема спротивно како што повеќето би помислиле, всушност позитивно влијаела врз нејзиниот живот.
„Благодарна сум на пожарот, бидејќи без истиот немаше да знам колкава е мојата сила. Ги отстранија деловите од моето тело кои ми беа многу потребни, но беа премногу оштетени. За возврат, добив многу повеќе. Добив втора шанса за живот. Бескрајно сум благодарна на тоа.“- вели Џесика.
Во текот на својот живот, иако не била како останатите, храбрата мајка успеала да се избори со сите предизвици, а како една од поголемите препрепки кои успеала да ги совлада е пливањето, на што е исклучително горда.
„Можеби за некои работи ми треба малку повеќе време да ги направам, но јас сум како останатите и имам сосема нормален живот. Родителството исто така беше огромен предизвик, но пресреќна сум“- додава Џесика.
Истовремено мајката потенцира дека никогаш не добила осуди или лоши коментари од својата околина, иако е свесна дека не сите имале среќа како неа, да бидат опкружени со добри луѓе. Затоа и ја споделува својата лична приказна за да ја крене свеста на жртвите кои на сличен или друг начин биле жртви на пожар и претпреле изгореници.