Жените без партнер се поздрави и посреќни од омажените, тврдат експертите
Неодамнешни истражувања покажуваат дека жените без партнер на постара возраст, вклучувајќи ги и вдовиците, се поздрави бидејќи страдаат од помалку стрес, отколку нивните омажени врснички.
Катерина Тревисан, доктор по психологија од Универзитетот во Падова, Италија, вели дека имањето сопруга е многу покорисно за повозрасните мажи, во однос на здравјето и управувањето на домаќинството, додека пак, жените се под многу поголем стрес и улогата за брак ја сметаат како ограничувачка и многу фрустрирачка.
Иако жените се склони да живеат подолго од мажите, многу повозрасни сопруги подоцна ги чувствуваат последиците од грижата за мажот и домаќинството, што се случува во текот на целиот живот.
Друго истражување тврди дека не само повозрасните, туку и помладите сопруги се под многу голем стрес, токму поради грижата за мажот и децата, кои носат дополнителен стрес. Докажано е дека многумина жени сметаат дека бракот бара подеднаков труд колку и мајчинството.
Покрај тоа, при истражувањето, повеќе од 46% од жените одговориле дека сопрузите им предизвикуваат многу повеќе стрес, од самите деца, додека пак 75% од нив откриле дека најчесто грижата за децата и целиот труд е само нивна одговорност и дека сопрузите воопшто за ништо не се трудат.
Токму 20% од младите мајки одговориле дека главната причина за стрес им произлегува од недостатокот на помош од нивните сопрузи.
Експертите од Падова, преку разните истражувања откриле дека здравјето на мажите значително се влошува по смртта на нивните сопруги, но по смртта на нивните сопрузи, жените пак, сосема спротивно, стануваат многу поздрави и полесно се справуваат со стресот и депресијата.
На крајот од истражувањето, експертите ги советуваат дамите да си посветуваат себеси подеднакво исто внимание колку што посветуваат на нивните партнери.