Жените кои често ја практикуваат оваа активност, слабеат побрзо, според науката
Сите ќе се согласат дека бакнежите се бесценети. Истражувачите веруваат дека бакнувањето има многу повеќе придобивки, од само романтичното задоволсто, а придобивките се и повеќе од одлични за нашето здравје.
Бакнувањето помага во губењето тежина
Бакнувањето го поттикнува процесот на согорување калории, при што 30 минути од страстено бакнување може да согори 180 калории, што е повеќе отколку да поминете 30 минути во пешачење.
Влијае позитивно врз убавината на кожата
Иако веќе милион пати сме слушнале дека ако сакаме да изгледаме затегнато и слабо, мора да вежбаме. Но, всушност кога се бакнуваме, користиме повеќе од 0 фацијални мускули, кои придонесуваат за зајакнување и затегнување на нашето лице, правејќи го истото да изгледа значително попрекрасно.
Ја спречува појавата на брчки
Кога ги активираме фацијалните мускули, тие ја подобруваат циркулацијата на крвта на лицето и создаваат колаген во ткивата, при што на овој начин создаваат извонредно количество на природен материјал, потребен за спречување на несаканите брчки.
Одличен начин за намалување на стресот
Бакнувањето природно ги опушта и релаксира луѓето. Едно истражување докажало дека бакнувањето го зголемува нивото на природни хемикалии во телото, како окситоцин и ендорфин- природни смирувачки елементи, кои воедно нè прават и смирени и среќни. Воедно го намалува нивото на кортизол- хормонот одговорен за стресот.
Го одржува здравјето на забите
Бакнувањето влијае одлично врз вашите заби, бидејќи го зголемува производството на плунка и природно ги отстранува бактериите, спречувајќи го создавањето на кисела средина во усната празнина. Некои забари веруваат дека плунката може да поправи мали штети при глеѓта.
Што мислите за резултатите од овие истражувања? Дали бакнувањето е ваша омилена активност?