Секој од нас познава барем една супер мајка. Пече колачи, готви, има уреден дом, пегла облека, секогаш е уредна и насмеана. Се прашувате како таа го прави тоа? Можеби таа е исклучително добро организирана, а можеби и нејзиниот хороскопски знак е одговорен за сè.

Астрологот Тара Вогел открива дека хороскопскиот знак е тој што влијае на родителството во одреден сегмент. Постојат 3 хороскопски знаци на кои највњеројатно најмногу ќе им оди од рака родителството и затоа жените родени во следните знаци уште се нарекуваат и супер мајки:

1. Девица

Девиците се познати перфекционисти. Кога таа има намера да стори нешто, навистина ќе го стори и тоа на најдобар можен начин. Сè што е во нивните животи треба да биде уредно, така што не е изненадувачки што поголемиот дел од времето нивната куќа е совршена. Истото важи и за храната.

„Здравјето кај Девицата доаѓа на прво место, а храната е од голема важност за нив. Не бидете изненадени ако имаат табели со претходно дизајнирани менија за сите денови“- вели Вогел.

Хороскоп на македонски јазик

ИНСТАЛИРАЈ

2. Рак

Светот на мајките родени во знакот на Рак целосно се врти околу децата. Овие мајки речиси секогаш се посветени на домашната работа и организирањето на  роденденски прослави.

„Ракот негува преку храната“ – вели Вогел, така што може да се очекува дека тие ќе бидат посветени на подготовка на оброци, бидејќи избегнуваат да купуваат готова храна за децата.

3. Риби

„Мајките Риби се многу креативни“ – вели Вогел. Овие мајки се разбудуваат најрано во утринските часови за да подготват вкусни палачинки за своите деца, а најверојатно имаат просторија во домот посветена на уметнички и занаетчиски проекти, каде го поминуваат целото слободно време со своите деца.

Сепак, Вогел предупредува дека станува збор за воден знак кој може да претера, затоа мора да внимава да не им здосади на сопствените деца.