Ѕирнете во најинтересната книжарница на светот, која ви дозволува буквално во облаците да уживате во читањето
Најголемата книжарница во светот скоро ги отвори своите врати за посетителите, а е сместена на 52-от кат на, највисокиот облакодер во Шангај, Кина.
Книжарницата е дизајнирата од компанијата Вутопиа Леб, а притоа нуди тивок и убав простор што ќе ја разбуди вашата фантазија со леснотија. Книжарницата зафаќа површина од 2.250 квадратни метри и се наоѓа на 239 метри над земјата, нудејќи погледи од двете страни на реката Хуангпу. Проектот за книжарница е всушност наречен „Книги над облакот“, и тоа е токму она што ни го нуди – љубителите на литературата и читањето можат да уживаат во своите омилени романи веднаш до или над облаците.
Книжарницата има голем број други одлики што ја прават интересна – Има просторија за предавања, изложбен салон и две кафулиња, покрај книгите. Содржи дури 60,000 примероци и има за цел да стане културно обележје на овој град.
Исто така, декорирана е со транспарентни полици за книги, кои се наредени едни врз други, поврзувајќи нè со апстрактни планини. Дел од оваа книжарница е и т.нн Црната студиска просторија, која нуди совршена атмосфера за читање, што ќе ви даде можност да се концентрирате колку што е можно повеќе. Круговите на книгите се обвиткани околу посетителите, додека модуларната полица се користи како уникатна поделба на просторот, одвојувајќи ја работната просторија од другите делови на книжарницата.
Во продолжение погледнете како изгледа сето тоа: