Златен домашен пилинг кој ги отстранува мртвите клетки, ја измазнува кожата и ги намалува брчките и порите
На сите им се познати волшебните својства на куркумата. Непроценливиот индиски зачин наоѓа широка примена, не само во кујната, туку и во козметиката, каде се смета за клучна за беспрекорната кожа.
Куркумата има неверојатно моќни антиоксидантни, антибактериски и антисептични својства што ја прават чудесно средство за лекување на акни и комедони, подобрување на циркулацијата и измазнување на текстурата на кожата.
Златен пилинг за беспрекорно лице од куркума и кокосово масло
Потребни состојки
- 1 кафена шолја шеќер
- 1 ½ шолја кокосово масло
- 1-2 кафени лажици куркума во прав
- 1 супена лажица бентонитова глина (по желба)
Начин на подготовка и употреба
Во голем сад, добро измешајте ги шеќерот и куркумата.
Растопете го кокосовото масло на водена пареа и измешајте го со сувата смеса. Додека е течна, исипете ја смесата во соодветни калапи и поставете ја да отстои 10-15 минути во замрзнувачот.
Добиениот пилинг складирајте го во ладилникот.
Пред употреба, извадете го пилингот од ладилникот и со истиот нежно масирајте го вашето лице, додека пилингот да се растопи. Оставете неколку минути врз кожата, а потоа измијте со ладна вода. Ќе добиете кожа без нечистотии и дамки, со измазнета текстура!