Златен рецепт на доктор Оз: Домашен напиток од 3 состојки кој за 2 недели ги согорува масните наслаги
Светски популарниот лекар тврди дека е можно да се изгубат сите несакани килограми со само еден пијалок. Токму во во неговите емисии, Д-р Оз безброј пати зборуваше за сите придобивки од зелениот чај.
Затоа, не е никакво изненадување што овој чај е основната состојка на следниот диетален напиток. Истиот го чисти организмот и ја одржува виталноста, а портокалите и нането го забрзуваат метаболизмот, па токму затоа напитокот е совршен за губење на несаканите вишок килограми.
Домашниот напиток го забрзува метаболизамот за 12% повеќе, доколку редовно го консумирате пред секој оброк. По само неколку дена од неговата употреба, ќе забележите дека килограмите полека ќе започнат да исчезнуваат.
Домашен напиток за моќно слабеење
Потребни состојки
- 1 л вода
- 5 ќесички зелен чај
- 1 портокал
- 1 грст свежо нане
Начин на подготовка
Додадете 5 ќесички зелен чај во литар топла вода. Оставете ги околу 3 минути да отстојат и да се изладат, а во меѓувреме портокалот исечете го на парчиња. Исипете го зелениот чај во голема тегла или бокал со капак, а потоа доадете го портокалот и нането. Затворете ја теглата и оставете ги состојките да отстојат преку ноќта, за да подобро се соединат.