Секој ужива во добро приготвеното јадење, но не секој е вешт во готвењето, поради фактот што едноставно не умее или не секогаш има време да оддели за целиот кулинарски процес.

Иако честопати на Интернет може да прочитаме трикови кои откриваат дека цел живот погрешно сме ги лупеле јајцата, денес со вас споделуваме уникатен трик кој покажува и дека цел живот погрешно сме ги вареле компирите.

Како да сварите компир за 5 минути

Ќе ви биде потребно

  • Компири
  • Мал лист хартија
  • Микробранова печка

Начин на подготовка

Најпрво, добро измијте ги компирите со вода, процес при кој истовремено ќе ја истриете грубата површина од зеленчукот. Следно, со вилушка издупчете ги компирите на неколку места.

Потоа, едноставно завиткајте го секој компир со хартија, но обратете внимание хартијата да биде обични бели листови, без никакви фотографии или натписи.

Поставете ги вака завитканите бели топчиња во микробрановата на 5 минути и вклучете го уредот на максимална моќност (најдобро било тоа да се 800 вати).

На крај, внимателно извадете ги компирите и поставете ги во чинија. Проверете го степеност на тоа колку се приготвени, со помош на вилушка – неопходно е компирите да бидат многу меки.

Доколку не можете да ги пробиете со вилушката, повторно завиткајте ги во хартија и оставете ги уште неколку дополнителни минути во микробрановата печка.