Златна маска со златен ефект: Симнува 10 години од лицето за 5 минути – Најголем непријател на здодевните брчки
Оваа маска против темните кругови под очите веднаш ги елиминира последиците од секојдневниот и чест замор. Рецептот ни доаѓа од Индија, каде куркумата не е само зачин, туку и ефикасно козметичко средство.
Куркумата ја осветлува и подмладува кожата. Дополнително, оваа чудесна златна маска содржи и сода бикарбона – една од најактивните компоненти, која значително ја стимулира циркулацијата на крвта во кожата и истата длабоко ја прочистува.
По нанесување на активната златна смеса, може да забележите мало вцрвенување на вашата кожа поради протокот на крв, но без грижи, тоа ќе помине по 1 час, а вашата кожа ќе изгледа фантастично.
Златна маска за кожата околу очите
Потребни состојки
- Половина кафена лажица куркума
- 1 супена лажица сода бикарбона
- Неколку капки сок од лимон
Начин на подготовка и употреба
Добро измешајте ги сите состојки заедно, до добивање на една соединета смеса. Доколку имате чувствителна кожа на лицето, тогаш сокот од лимон заменете го со тоник или вода.
Нанесете ја златната маска во областа под очите и оставете ја да дејствува 15 минути, а потоа измијте го лицето со ладна вода и нанесете навлажнувачка крема за лице.
Доволно е да ја правите оваа маска еднаш на секои 3 дена, за да го забележите подмладувачкиот ефект. Малите здодевни брчки ќе бидат измазнети, кожата ќе заблеска, а темните кругови под очите едноставно ќе исчезнат!