Златната вежба за грбот и ‘рбетниот столб, која ќе ве направи да се чувствувате како нови
„100“ е една од најпопуларните вежби од областа на пилатесот. При нејзино практикување се активираат сите мускули на телото, а најмногу започнуваат да работат мускулите во стомачната празнина.
Златната вежба своето име го доби благодарение на специјалната техника за дишење.
Самата вежба се состои од 10 респираторни циклуси, а секој циклус поединечно вклучува 5 вдишувања и издишувања. „Сто“ вежбата може да ја направи секоја човек, без разлика на која возраст и во каква физичка форма е, бидејќи самата вежба може да се изведе во повеќе варијанти, прилагодена според потребите на личноста.
Вежбата е идеално решение за загревање и активирање на целото тело, односно ги загрева и активира мускулите на стомакот и рацете, како и мускулите на грбот, а воедно и градниот кош, кои ни помагаат при процесот на дишење.
Пилатес за почетници во домашни услови
Оваа вежба го стабилизира лумбалниот т.е долниот дел од ‘рбетниот столб, а во уникатна комбинација со техниките за дишење, вежбата е воедно одличен начин за активирање на нозете и вратот.
Како да ја направите вежбата
- Првобитна положба: Легнете на подот, притоа рацете и нозете да ви бидат целосно исправени.
- Додека издишувате, кренете ги дланките од подот и исправете ги нозете нагоре. Во тој момент, телото цврсто се потпира на подот и целосно се стабилизира.
- Вдишете и полека вратете се во првобитната положба.
- За поедноставно, легнете на подот и свиткајте ги колената под агол од 90°C.
- Практикувањето на вежбате се состои од наизменично кревање и спуштање на рацете до 100 движења, но во зависност од вашата физичка способност, тој број може да се намали или зголеми.
- Воедно, можете да ја менувате и положбата на вашите нозе. Доколку имате потешкотии да ги држите исправени нагоре во една положба, може истата да ја менувате, според вашите потреби, како што е прикажано погоре на даденото видео.
- За вежбата не би се потребни никакви справи, а ќе ви одземе само 15 минути секој ден.