Сите ние знаеме дека за да се избори со вирусите, нашето тело мора да е доволно здраво и силно. А средството кое гради челичен имунитет, е храната која ја консумираме.

Истакнатиот бугарски имунолог доц. Снежана Михајлова вели дека најважната храна која редовно треба да ја консумираме е лукот, во чиј состав влегуваат селен и цинк, кои значително го зајакнуваат имунолошкиот систем на организамот.

Рускиот лекар Димитри Еделев, пак објаснува дека за зајакнување на нашиот имунитет мора редовно да пиеме чиста вода, да консумираме повеќе топли напитоци, да се храниме со топли и здрави супи и поголемиот дел од оброците да бидат приготвени со печење.

Бразилските ореви, лукот и ѓумбирот се сметаат за најбогати со селен, додека пак, морската риба, леќата, црниот леб, месото и јаткастите плодови се најбогати со цинк.

„Имунолошкиот систем бара постојана нега и грижа. Неопходно е да имаме балансирана исхрана со многу зеленчуци, овошје и протеини.“ – додава Михајлова.