Златниот роденден се слави само еднаш во животот- Знаете ли кога е вашиот?
Секоја година го славиме нашиот роденден, но во животот постои само еден златен, знаете ли кој е вашиот?
Златен роденден се смета оној кој се совпаѓа со вашиот датум на раѓање, односно, доколку на пример сте родени на 19-ти јули, тогаш вашиот златен роденден е кога полните 19 години.
Според експертите, токму овој роденден се смета за најсреќниот во животот на една личност.
Во зависност од датумот на раѓање на кој се родени луѓето, постојат 31 шанса за златен роденден. Доколку сте над 31-годишна возраст, тогаш вашиот златен роденден веќе поминал и таа можност веќе нема да се повтори.
Многумина не го слават својот златен роденден, бидејќи не знаат за овој факт.