Златно чудо: Испитано домашно средство за челичен имунитет, кое ефикасно штити и се бори против настинки и грип
Кога температурите ќе паднат и ќе настапи зимската сезона, речиси повеќето од нас ги зачестуваат своите посети во аптеките, барајќи средство за зајакнување на имунитетот.
Денес ви откриваме рецепт за природен и домашен лек, кој ефикасно штити и се бори против вообичаените настинки и грип, а испитано средство кое притоа ќе го направи вашиот имунитет челичен.
Средството уште се нарекува „златно чудо“, а еве како истото да го приготвите.
Златно чудо со мед и куркума
Потребни состојки
- 100 гр свежо алое вера, однапред исчистено и сомелено
- 200 гр мед
- 1 супена лажица куркума
- Малку мелен црн пипер
- Сок од 1 исецеден лимон
- 30 гр корен од ѓумбир
- Рендан лук
Начин на подготовка
Алоето се прочистува и истото е потребно да се сомеле, а потоа кон него додадете го медот и останатите состојки. Сите состојки добро се мешаат, а потоа добиената смеса се складира во стаклена тегла, а потоа и во ладилник.
Се препорачува да се консумираат по 3 лажици дневно од оваа златна смеса.
Златното чудо може да го користите во текот на целата сезона на настинки и грип, за да го заштитите вашето здравје.