Златокоса во машка верзија: Маж тврди дека жените му љубоморат поради раскошната коса
Маж, кој својата коса ја растел и негувал повеќе од 7 години, и покрај тоа што добивал негативни критики дека изгледа како „грда девојка“, сега тврди дека всушност жените се љубоморни на оваа негова уникатна карактеристика.
28-годишниот актер и модел Кристијано Брага, од Бразил, започнал да ја чува и расте својата коса уште од 2012-та година, при што веќе косата е долга над 60 центиметри.
Додека сè уште одел на училиште, бил малтретиран од своите соученици, но и покрај тешкиот период, Кристијано не се откажал од својата златна коса.
Неговиот изглед привлекол и сè уште привлекува огромно позитивно и негативно влијание, а негативното Брага вели дека поттекнува од жените, бидејќи сметаат дека е огромна неправда маж да има ваква грациозна коса со раскошен волумен.
„Започнав да ја негувам својата коса во 2012-та година, а низ сите тие години, добивав бројни критики, дека изгледам како грда жена, а дури ме прашуваа дали тоа е перика. Иако мојата коса привлекува огромно внимание, јас всушност сум многу срамежлив и не сакам да се експонирам“- вели Кристијано.
Поради неговиот уникатен изглед, моделот го споредуваат со ликот на Златокоса и Малата сирена, односно Ариел.