Нашата земја несомнено изобилува со раскошни, природни убавини кои треба да ги видите барем еднаш, ако не и неколкупати во животот.

Местото Бел рај се наоѓа во гевгелиското село Миравци и е добро познато на младите поради добрите забави.

Миравци е рамничарско село сместено во северниот дел на Гевгелиско-валандовската котлина. Лоцирано е од десната страна на реката Вардар, на 110 метри надморска височина и на 24 km оддалеченост од Гевгелија.

На ридовите над Миравци се наоѓа и излетничкото место „Бел Рај“, дел од источното подножје на Кожуф.

Местото е добро познато на гевгеличани, но добро би било овој „рај“ да се сподели и со останатите, особено затоа што и ова лето ќе биде ограничено патувањето надвор од државата.

 

Местото е одлично за луѓе кои сакаат да кампуваат, покрај чистиот планински воздух, можете да уживате и во природни базени создадени од течението на реката помеѓу карпите. Доколку не сте по кампувањето, на самите карпи има изградено локал каде што може да се испиете едно кафе и да уживате во погледот.

Белиот рај е одлично место доколку сакате да избегате од метежот во градот, но не заборавајте да си го соберете отпадот пред да заминете.