Зошто да пиеме вода на гладно?
Пиеме вода кога сме жедни, кога сме јаделе нешто солено или после јадење. Но, експертите тврдат дека водата треба да се пие на гладен стомак. Речиси 70% од нашето тело е вода. Таа е кралица на организмот, без која ниту еден орган нема да функционира правилно.
Пиењето вода ја згаснува жедта, но нејзино консумирање на празен стомак може да излечи многу од болестите.
Го зајакнува метаболизмот
Ако пиеме вода на гладно, ќе ја зајакне работата на метаболизмот и до 25%. Ова ќе доведе до побрза преработка на храната и до брзо губење на непотребните килограми.
Го подобрува имунитетот
Водата е потребна за да го одржиме балансот на течностите во организмот. Нејзиното консумирање на празен стомак ќе му помогне на имунитетот, кој пак поадекватно ќе се справи со инфекциите.
Се грижи за цревата и ги чисти токсините
Кога пиеме повеќе вода, ние ги миеме цревата. Ако секојдневно пиеме над два литри вода, ќе се ослободиме од хранливите остатоци, наталожени во гастроинтестиналниот тракт. Освен тоа при мокрење, се отфрлаат токсините во течна форма. Затоа пиењето повеќе вода е добро за детоксикација и чистење на телото и за да се заштити од оток.
Ја спречува мигрената
Една од најчестите причини за главоболка и мигрена е недостатокот на доволно количество вода во организмот. Дехидратацијата е коренот на болката во главата, а пиењето на вода на гладно ќе ни помогне да се ослободиме по природен пат од болното нерасположение. Не само тоа, туку и ќе ги држи на страна и оралните и стоматолошки проблеми.
Ја мазни кожата
Повеќе вода во телото значи чиста и сјајна кожа. Темните дамки и затнати пори се последица од задржување на токсини во организмот.
Водената терапија за борба против гастритис
Јапонците се први кои презентираат водена терапија на светот.
По будењето испијте 1 л вода. Ако сте нов во редовите на терапијата, започнете со помали количини. Избегнувајте да пиете и да јадете 45 мин потоа. По секој оброк почекајте два часа, пред да пиете што и да било. Потоа испијте уште 1 л вода. Ова им помага на доста болести да се држат настрана, но за сметка на тоа ја зајакнувате енергијата и тонусот само за неколку дена. Водената терапија се бори со високиот крвен притисок, гастритис, констипација и дијабетес и нема никакви несакани ефекти.
За уште подобри резултати водата треба да е млака со малку лимонов сок во неа. Ова врши детоксикација на телото.