Зошто не ви се потребни 8 часови сон?: Лекар открива колку навистина време му е потребно на телото квалитетно да одмори
Доколку на работното место ве фаќа сон или ви се приспива при извршувањето на некоја активност, тоа не е толку невообичаено, колку што мислите.
Иако поради тоа нема баш да се покажете пред вашиот шеф, еден експерт од областа на спиењето, вели дека човечкото тело е биолошки програмирано да се исклучува неколку пати во текот на денот, бидејќи на телото не му се доволни само едни 8 часа сон.
„Идејата дека ни се потребни 8 часа за спиење, потекнува од 19-от век, од В.Британија, кога се развивало трудовото движење за работнички права.“- вели Д-р. Дејвид Канингтон, специјалист за физиката на спиењето при британската Здравствена организација од оваа област.
Слоганот на движењето едноставно требало да се совпадне, па така активистот Робер Овен во 1817-та година го осмисил познатото „Осум часови работа, осум часови рекреација, осум часови одмор“- реченица која станала парола и цел кон чие остварување се стремело Западното општество.
Се до 19-от век луѓето спиеле 3 до 4 часови, а во текот на денот имале повеќе претпладневни или попладневни дремки.
Денес, бидејќи на работните места не е дозволено таква активност и во некои држави, работното време воопшто не е прилагодено кон човечкиот организам, луѓето се приморани, веднаш штом ќе стасаат дома, да спијат, а сето тоа се должи и на преголемиот стрес.
„Постојано ги критикуваме младите дека се мрзеливи, но всушност тие се повеќе се свртуваат кон хонорарното работење, работењето од дома, бидејќи сакаат да имаат флексибилно работно време. Бидејќи сакаат и да живеат, не само да работат. А таквиот начин на работа ги прави многу попродуктивни и поздрави“- објаснува Дејвид.
Колку часови им се всушност потребни на луѓето, според старосната група во која припаѓаат?
- Новороденчиња (0-3) месеци: 14-17 часови
- Деца (1-2 години): 11-14 часови
- Деца кои веќе посетуваат училиште (6-13 години): 9-11 часови
- Студенти на факултет (18-25): 7-9 часови
- Возрасни кои работат (26-64 години): 7-9 часови
- Постари возрасни (постари од 65 години): 7-8 часови