Зошто никогаш не треба да си легнувате јадосани?
Во таква состојба мозокот ги фиксира негативните чувства и многу потешко го забораваме тој лош спомен. Според екипа на Пекиншкиот универзитет, ноќниот сон помага за реорганизација на негативните спомени во мозокот, при што тие стануваат потешки за бришење. Научниците истакнуваат дека резултатите од нивното истражување можат да фрлат дополнителна светлина врз пост-травматскиот стрес и неговите последици.
Состојбата да ги бришеме негативните спомени сочинува суштествен дел од нашето психичко здравје. Во текот на тој процес се зголемува доток на крв во хипокампусот, каде што се формираат новите спомени. Но, по сонот активноста се пренесува во неокортексот, надворешната обвивка на мозокот, сврзана со неговите повисоки функции, и токму на тој начин се зацврстуваат негативните емоции.
Научниците извеле експерименти за отстранување на лошите спомени со 73 студенти, чиишто мозоци биле подложени на скенирање и од сето тоа ги извлекле своите заклучоци.