Зошто тиквата е непроценлива за нашето здравје?
Тиквата е богата со каротин, витамини од групата Б, калиумот, омега-3 масните киселини и лутеин и зеаксантин кои се прогласени за спасители на очите.
Само од една порција тиква се снабдуваме со 200% од потребното количество каротини.
Бета-каротинот и омега-3 мастите докажано се поврзани со подобрувањето на видот, со имунолошкиот систем, со здравјето на кожата.
Алфа-каротинот се смета дека може да е дел од комплекс, кој го блокира размножувањето на потенцијално канцерогени клетки.
Покрај нив тиквата содржи и бета-криптоксантин, како и лутеин и зеаксантин – супстанции кои го чуваат очите од дегенерација. Калиумот и каротин помагаат и за здравјето на срцето.
Неколку студии покажале дека луѓето со висок холестерол кои јадат повеќе зеленчук богати со каротеноиди, поретко стануваат жртва на тешка срцева болест, вклучувајќи фатален инфаркт. Зошто е тоа така? Каротинот спречува хиперпродукција на холестерол. Ефектот се засилува, ако редовно се јадат и семки од тиква, кои содржат уникатни корисни масти и минерали.
Преку контролата на метаболизмот, тиквата помага во спречување на дијабетесот и зголемената телесна тежина.
Помага и при гастроинтестинални заболувања.
Тиквата обезбедува одлични количини од Б1, Б3, Б6, пантотенска и фолна киселина.
Народна медицина
Семките од тиква се користат како средство против зголемена простата и за олеснување на уринирањето. Семките од тиквите се користи како лековито средство од памтивек, секаде каде што растението се одгледува.
Индијанците правеле од нив лек кој уништува глисти.
Мексиканската народна медицина има терапија со семки од тиква и пулпа од плодот. Се препорачува за намалување на шеќерот во крвта и контрола на дијабетесот.