Зошто инстинктивно се протегаме и зеваме кога се будиме и зошто тоа е толку важно
Алармот ни сигнализира да станеме наутро, но тоа не го буди нашето тело, туку нашето протегање и зевање. Можеби затоа што тоа го правиме како неволен процес, дури и не му обрнуваме внимание. Сепак, овие 2 дејства прават многу повеќе за нашите тела отколку само обично будење.
Во продолжение ви откриваме зошто е значајна комбинацијата од зевање и протегање, за што малкумина знаат:
1. Истегнувањето ќе ги насочи мускулите
Кога спиеме, мускулите го губат тонот, а гравитацијата ја влече течноста на едно место по грбот. Кога се протегаме, тоа придонесува за стумулирање на течноста, што му помага на телото да се врати во својата правилна положба. Но, како што нашите нервни импулси ја достигнуваат својата граница, така мускулите се штитат од прекумерно истегнување со нивно совладување.
Само за момент, истегнувањето ќе ги ослободи мускулите од одмарање, за да можат да работат на нивното правилно позиционирање. Овој процес ќе ни помогне при пресметување на движењата што треба да ги направиме и да започнеме да се движиме.
2. Може да го намали стресот
Кога зеваме и се истегнуваме истовремено му помагаме на протокот на крв, што автоматски го намалува стресот. Ова е затоа што делот од нервниот систем кој е одговорен за нашиот ритам на срцето, варењето и ендокрините функции започнува да работи енергично.
3. Може да помогне при вкочанетост и затегнатост
Поминувајќи повеќе време во една позиција може да влијае на нашето тело и да предизвика затегнатост и вкочанетост. Кога се протегаме по будењето, тоа придонесува за стимулирање на зглобовите и мускулите, што помага во одржување на поширок опсег на подвижност, дури и ако не започнуваме веднаш со посложени активности. Тоа му кажува на нашиот мозок дека е време да станеме.
4. Ќе му помогне на мозокот да испрати посилни сигнали до мускулите
Истегнувањето помага при обновување на комуникацијата помеѓу мозокот и мускулите. Ова значи дека додека се протегаме, нашиот мозок испраќа посилни сигнали до нашите мускули. Тогаш добиените повратни информации му овозможуваат на мозокот да работи на тоа колку силни треба да бидат сигналите за извршување на различните задачи.
5. Зевањето ве буди
Зевањето го лади мозокот и ни помага да останеме будни. Зеваме и кога ни е досадно да останеме будни и да ја продолжиме задачата што ни е зададена.
Истегнувањето може да го видиме т.е споредиме како ресетирање на софтвер. Тоа е затоа што тоа го стартува нервниот систем и ја зголемува брзината на процесите во позадина што нè одржуваат будни и свесни во текот на денот. Покрај тоа, го зголемува пулсот и ја турка крвта до нашите екстремитети.